Министерот Нухиу на Салцбуршки форум во Сараево
Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Агим Нухиу денеска учествува на конференцијата на министри за внатрешни и за надворешни работи во рамки на Салцбуршкиот форум што се одржува во Сараево.
Во своето обраќање, министерот Нухиу оцени дека заканата од насилен екстремизам е комплексна и оти тој е во можност да ги дестабилизира државите и да предизвика насилство.
- Во услови на глобализација на светот, поврзаноста на екстремизмот со тероризмот, верскиот радикализам и национализмот претставува сериозна закана која ги надминува националните рамки и поприма меѓународна димензија. Македонија во континуитет е изложена на асиметрични закани кои произлегуваат од зачестеното манифестирање на етничка нетрпеливост, верска нетолеранција и екстремизам, кои создаваат погодно тло за радикализација која може да доведе до тероризам, истакна Нухиу.
Македонскиот министер за внатрешни работи посочи дека Македонија во 2015 година се соочила со неконтролиран прилив на огромен број бегалци и мигранти, но оти постои реален ризик од повторно создавање на бегалски бран годинава. За справување со предизвиците, според Нухиу, потребна е координирана регионална соработка и заедничка безбедносна стратегија.
- Тргнувајќи од искуствата со мигрантската криза од 2015 година, при реализација на вакво сценарио, Република Македонија би била една од најпогодените држави на т.н „Балканска рута“. Ефикасната превенција и сузбивање на појавните облици на овие феномени подразбира координирана регионална соработка и постојана надградба на нормативните и институционални капацитети, како и градење на заедничка безбедносна стратегија за справување со предизвиците, рече министерот Нухиу.
На конференцијата во Сараево се дебатира за предизвиците поставени од екстремизмот и тероризмот.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка