Министерот Лутфиу во официјална посета на Албанија
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска престојуваше во официјална посета на Република Албанија при што оствари средба со албанската министерка за образование и спорт Линдита Никола.
Како што соопшти МОН, на заедничката средба двајцата министри разговарале за соработката во областа на образованието меѓу двете земји врз основа на потпишаните билатерални договори. Констатирале дека соработката меѓу Република Македонија и Република Албанија, продолжува и во наредниот период, со интензивирање на сите активности кои произлегуваат од овие документи.
- Говоревме за динамиката на спроведувањето на Договорот за соработка потпишан во Валона и Битола меѓу двете земји. Договорот предвидува соработка во различни области, заеднички проекти, универзитетска соработка, размената на студенти, за проширување на соработката во сите домени на образование, како и за научната и технолошката соработка меѓу научно-истражувачките установи, стопанските и другите субјекти на соработка, рече Лутфиу.
Тој исто така додаде дека со министерката Никола се договориле и за формирање заеднички работни групи.
Министерката Никола истакнала дека албанската Влада е подготвена за продлабочување на соработката со Република Македонија во сите нивоа на образование.
Како резултат на потребата од интензивирање на соработката во областа на образованието и науката, во 2015 година во Валона беше потпишан Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија. Таа година во Битола, потпишана е Програма меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование и спорт на Република Албанија за соработка во областа на науката, технологијата и образованието за периодот од 2015 до 2018 година.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел