Министерот Филипче замина во посета на повредените во несреќата кај Лесковац
Министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник од Амбасадата на Македонија во Белград ќе ги посетат повредените во несреќата што се случи ноќеска кај Лесковац кога автобус на струшки Еуро бус излета од патот.
Филипче и Рашковски ќе ги посетат повредените македонски државјани во болниците во Ниш и во Лесковац.
Од Министерството за надворешни работи (МНР) информираат дека српските власти ги известиле оти во несреќата загинале три лица, маж на 68 години и две жени. За жените се уште нема потврда на идентитетот. Повредени се 32 лица, од кои 28 се надвор од животна опасност. Тие се згрижени во Општата болница во Лесковац, четири се на хирургија, еден е на ортопедија. Четворицата повредени со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Од МНР информираат дека чекаат дополнителни официјални информации.
Според информациите на МИА, автобусот сообраќал на релација Битола-Прилеп-Велес-Табановце-
Во Прилеп автобусот пристигнал околу 19:30 часот и на тамошната автобуска станица во него се качиле 11 патници, потврди шефот на автобуската станица во овој град Љупчо Алексовски.
Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац. Возачите на автобусот не се повредени.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати