Министерката Тренчевска во студиска посета на Полска

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска од денеска до петок ќе престојува во Полска, на студиска посета организирана од проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Тренчевска ќе посети повеќе социјални претпријатија, меѓу кои и „Барка“, како и Центарот за поддршка на социјалните претпријатија во Полска.
Министерката Тренчевска ќе одржи средби со повеќе градоначалници на општини каде има социјални претпријатија, како и со полската министерка за семејство и социјална политика Марлена Малаг.
– Презентацијата на полскиот систем на социјална економија – законската рамка, мерките, политиките и финансиските инструменти ќе придонесат за стекнување на повеќе искуства, особено значајни во овој период во кој во нашата земја се подготвува Законот за социјални претпријатија, се наведува во соопштението.
Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е имплементиран од меѓународната компанија за консалтинг, инженерство, архитектура и информатичка технологија „Ептиса“, во конзорциум со „Барка“ и „Екорис“, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика. На студиската посета ќе бидат присутни претставници на повеќе институции.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
