Мини саем на жени претприемачи во Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица и Здружението на бизнис жени „Бизнис поврзување“, денеска во Македонска Каменица организира Мини саем за жени претприемачи. Настанот, како што информираат од Општината, ќе се одржи во Домот на култура, со почеток од 11:00 часот.
– Во рамки на настанот присутните ќе се запознаат со работата и перспективите на Општина Македонска Каменица, како и со мисијата и активностите на Здружението на бизнис жени, Екологијата и придобивките од заштитените подрачја на територијата на нашата општина. При тоа се предвидени таканаречени „Б2Б“ средби, за жените претприемачки, кои ќе имаат одлична можност да ги презентираат своите производи и услуги, да ги развијат деловните мрежи, да воспостават нови контакти за соработки и да остварат деловни партнерства, истакнаа од Општината.
Можностите за запознавање со можностите за поврзување на бизнисот, преку информации и совети за пристап до финансии, како што додадоа, се исто така на агендата на Мини саемот за жени претприемачи на кој заинтересираните компании ќе можат да ги изложат и претстават своите производи и услуги.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце