Милошоски: Иванов застапува ставови во континуитет и не се води од дневно-политичките случувања
Претседателот Ѓорѓе Иванов има ставови што ги застапува во континуитет без разлика на дневно политичките превирања во Република Македонија и сметам дека таквото држење до своите ставови и принципи, а не поведување по дневно-политичките случувања е добра одлика за политичар кој треба да ја претставува државата во име на сите граѓани.
Ова го изјави денеска потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по годишното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов пред Собранието на Република Македонија.
Неприсуството на СДСМ и ДУИ од седницата на која што се обраќаше претседалот Иванов, посочи Милошовски, го цениме како отсуство на капацитет за политички дијалог и отсуство на минимум политичка култура пред државните институции.
Од кажаното од Иванов Милошоски од аспект на безбедноста на Македонија ја потенцира неговата наредба како врховен командант за вклучување на Армијата на Република Македонија во заштита на јужната граница соочени, како што рече, со феноменот и предизвикот наречен бегалска и мигрантска криза и нивното обезбедување на границата како и со физичко присуство, така и со поставување на одредени времени бариери.
Од меѓународно значење, но важно за Република Македонија, оцени Милошоски, е тоа што претседателот Иванов и покрај повеќето обиди и притисоци од одредени меѓународни фактори сепак го одбил барањето РМ да биде бегалски камп за 20, 30 или повеќе илјади бегалци и мигранти кои што нашата земја не ја гледаат како целна држава. Иванов, укажа Милошоски, држеше до својот принцип дека Република Македонија е само транзит држава која што може да ги понуди своите добри услуги, своето внимание, дури и нашите буџетски ресурси бидејќи дел од тие работи се на трошок на Република Македонија, но ништо повеќе од тоа не треба и не би требало во иднина да биде прифатено од страна на Република Македонија.
- Го цениме овој негов доследен став како принципиелен и сметаме дека истиот треба да продолжи да го застапува пред сите соговорници од страна на Европската Унија и другите релевантни фактори, изјави Милошоски.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница