-->
-->
Милошоски: Целта на СЈО/СДСМ е пред Велигден насилнички избор за претседател на Собранието
-->

Целта на СЈО/СДСМ за “новата реформска влада” е пред Велигден, неделовнички/насилен избор на претседател на Собранието, а до јуни да се покренат уште дваесетина неосновани обвиненија против истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ги разобличуваат штетните политики на Заев , напиша на Фејсбук Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-До крајот на годината да има референдум за името по грчки терк и под прогон и приведувања од СЈО-МВР-СДСМ ќе бидат и политичари и медиуми/новинари кои имаат потенцијал да се спротивстават на тој план. Новиот претседател на Собранието ќе има задача да оневозможи референдум или да го штелува референдумското прашање.
– До крајот на годината треба да помине Законот за двојазичност на цела Македонија и редефинирањето на државата според платформата од Тирана и предмет на прогон и подолг притвор ќе бидат предводниците кои ќе се обидат да го попречат планот; притисокот ќе вклучува и објава на монтирани приватни снимки за деградација и оцрнување на личностите. “Двојазична” Македонија нема да има основа да бара опстојување на македонски/Macedonian за јазикот и идентитетот во решавањето на спорот со Грција.
– До крајот на годината ќе треба Заев и СЈО да најдат “независни судии” кои ќе потпишат ослободителни пресуди за обвинетите во “Монструм” и “Диво Насеље”, а за возврат Заев да биде ослободен од вина во предметот “Поткуп”, образложи Милошоски.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
