Милков: Името на скопската гимназијата „Јосип Броз Тито“ е многу поголем проблем од „Цар Борис Трети“
На бугарскoто МНР му пречи името на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и велат дека тоа е поголем проблем од „Цар Борис Трети“.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Никола Милков вели дека „ако името Цар Борис Трети е проблем, името на гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем“.
Toj рекол дека Бугарија е Европската Унија. Додава дека додека преговара со ЕУ, Македонија преговара со Бугарија.
Локалниот огранок на Левица во Охрид, денеска до ОЈО Охрид поднесе иницијатива за забрана на новоотвореното здружение „Цар Борис Трети“.
На седми октомври во овој град ќе се отвори новиот бугарски културен клуб во Македонија, наречен „Цар Борис Трети“. Најавен и протест по повод отворањето.
„Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!“, повикаа од Левица.
На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид ќе има протест.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп