Милевски: Главна цел ни беше да останеме на првото место

Македонскиот фудбалски национален тим вчера ја постигна третата победа во квалификациите за СП 2026. Во Скопје совладана беше репрезентацијата на Лихтенштајн. По пет натпревари нашиот тим е без пораз и на врвот на табелата во групата. Ова беше прва домашна победа за „рисовите“ со која остануваат во игра за првите две позиции во групата и со тоа шанса за пласман и учество на Светското првенство.
– Честитки за нашите фудбалери и имам само да кажам – секоја чест, за секој од нив. Секоја чест за сериозноста, пристапот и сè останато. Имавме максимален респект кон противникот и тоа се виде во играта. Лихтенштајн одигра колку што му дозволивме ние. Од самиот почеток и до крајот Македонија доминираше во сите сегменти, а ривалот имаше многу малку простор. Следниот натпревар со Белгија е за нас најважен. Главната цел ни беше да останеме на првото место, а тоа е постигнато. Ме радува начинот на кој ги постигнавме головите, начинот на кој играчите се однесуваа на теренот и изразија почит за противникот. Резултатите ме прават горд, но на крај на денот никој не може да ни го земе правото да сонуваме пласман на Светското првенство. Ништо друго не нè интересира, освен наша игра и задача. Сакам на сите македонски граѓани да им го честитам празникот 8 септември“, изјави селекторот Благоја Милевски.
До крајот на квалификациите остануваат уште три натпревари за македонскиот национален тим прво на гости против Белгија, а потоа следува домашниот натпревар против Казахстан и во ноември е гостувањето против Велс.
МИА
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
