Миле Јанакиески го нуди целиот свој имот како гаранција за да излезе од притвор

Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески го нуди целиот имот со кој располага како гаранција за да излезе од притвор. Неговото барање денеска му е доставено на судот. Одбраната на Јанакиески смета дека имотот на екс министерот треба да биде доволна гаранција за судот дека тој нема да побегне додека се води постапката против него во предметот Титаник.
Јанакиески е во притвор ден по бегството на екс премиерот Груевски во Унгарија.
Неговата одбрана во жалбата поднесена за притворот тврдеше дека решението за притвор е неосновано и дека содржи бројни пропусти и прекршувања на процедурите и законите.
При донесувањето на одлуката, бил прекршен кривичниот законик оти советот на Основниот суд Скопје 1 кој одлучувал по барањето за притвор, не ги повикал обвинетите да дадат свој исказ.
Дополнително, одбраната тврди дека во решението не е наведено ниту за кое кривично дело се тие обвинети. Наместо ова, се цитираат само членови од кривичниот законик, се жалеше одбраната.
Според одбраната, со одредувањето на притворот е прекршен и законот за кривична постапка. Сметаат дека во одредувањето на таквата мерка не требало да учестува судијата Огнен Ставрев кој е дел од судечкиот совет во предметот Титаник.
Јанакиески и Божиновски, заедно со своите адвокати во жалбите пред Апелација наведоа дека се сомневаат и во Службената белешка од УБК според која двајцата обвинети преку посредник побарале аменстија од Претседателот на државата. Велат дека документот на МВР е фингиран оти нема информации за тоа кога биле остварени средбите ниту дали судот и СЈО направиле проверка во Кабинетот на Иванов.
Но апелацискиот суд ги одби нивните жалби и тие останаа во притвор. Нивната одбрана вели дека до овој момент се уште не го добиле последното решение на Апелација.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
