-->
-->
Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински ќе настапат на „Сатира фест“ во Белград
-->

Двајца македонски афористичари, Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински ќе настапат на 15. меѓународен фестивал за хумор и сатира „Сатира фест“, кој ќе се одржи на 10 октомври во Белград.
Овогодинешниот собир на најдобрите афористичари и сатиричари од Балканот и пошироко се одржува на тема „Беше еднаш еден лав“ посветен на 95-годишнината од раѓањето на големиот српски книжевник за деца Душан Радовиќ.
Како што истакна делчевскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, „Сатира фест“ е најзначајниот фестивал за хумор и сатира на Балканот.
На него учествуваат најзначајните автори од оваа област во регионот и пошироко. Учеството на овојфестивал не е само признание за авторите кои учествуваат туку и за хуморот и сатирата од каде што доаѓаат. Македонија оваа година, како и минатата ќе ја претставуваат сатиричарите Витомир Долински и Миле Ѓорѓијоски.
Овој фестивал го доделува и највисокото признание во областа на сатирата,а тоа е наградата „Златен круг“ за придонес во развојот на светската сатира, рече Ѓорѓијоски.
Добитници на оваа врвна награда во областа на сатирата се и македонските сатиричари Васил Толевски и Миле Ѓорѓијоски, а и двајцата се членови на Друштвото на писатели на Србија.
Инаку, во соработка со ЈЛБ „Илинден“ од Делчево, македонските сатиричари за време на својот рпестој во Берлград ќе донираат книгина библиотеката при Националниот совет на Македонците во Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
