Милановиќ: Или Русија и САД некаде ќе се договорат или ќе следи трета светска војна
Испраќањето западни тенкови во Украина ќе ја продолжи војната во оваа земја, а доколку Вашингтон и Русија не се договорат, ќе следи Трета светска војна, изјави вчера хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, пренесе Хина.
Милановиќ предвидува дека војната во Украина ќе трае додека „Москва и Вашингтон на некое место не го договорат нејзиниот крај“, што е „страшно, тешко и далечно“, додаде хрватската агенција.
Во тие разговори нема да бидат прашани „Загреб, Берлин, Париз, Брисел“, а ако тие не се одржат, светот полека ќе се движи кон Третата светска војна, предупреди хрватскиот претседател.
Милановиќ ја критикуваше шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, која во Советот на Европа рече дека европските земји треба да бидат обединети и да престанат да се обвинуваат меѓусебно бидејќи Европа војува против Русија, а не една против друга.
Милановиќ вели дека досега „не видел вакво лудило“ и дека не знаел дека Европа војува со Русија. „Можеби Германија е во војна со Русија. Со среќа нека им е овој пат, нека заврши подобро од пред 70 години, но ние не сме во војна со никого“, рече тој.
-Од неа дознаваме дека сите сме во војна со Русија. Не сме ние, тоа е Америка, ние сме обични пиони, рече Милановиќ.
Ново на Сител
-
Какви последици може да имаат злоупотребите во Академијата за судии и јавни обвинители?
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали врховен судија посредувал за прием и полагање на кандидати за судии и обвинители?
-
Поништени пресметките на претходниот балансер, зголемен процентот на Македонци, намален на Албанци
-
Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет за првите 30 дена
-
ДУИ не чувствуваат одговорност за измените на Кривичниот законик, ВРЕДИ ги повикаа да признаат дека згрешиле
-
Српски полицајци ќе патролираат во Охрид