-->
-->
Милан нема да го „брка“ Монтела
-->
Поразот од Рома (0:2), сепак, нема да влијае врз работата на Винченцо Монтела, барем според зборовите на спортскиот директор Масимилијано Мирабели.
Милан во неделата загуби од Рома на „Сан Сиро“, што за клубот кој вложи 200 милиони евра во засилувања е третиот пораз во седмиот првенствен меч сезоната.
„Игравме против одличен тим и доминиравме 70 минути. Бевме егал со противникот, повремено бевме и супериорни, но немавме доволно среќа. Расположението е поинакво во однос на натпреварот со Сампдорија, тогаш пристапот и играта беа поинакви. Ако барате виновник, само напред, но ние мора да бидеме разумни во анализата на натпреварот.
Дека Монте е пред отказ, медиумите започнаа да пишуваат по поразот од Сампдорија, а шпекулациите дека тој ќе замине од Милан се засилија откако Карло Анчелоти го напушти Баерн Минхен.
„Одигравме само седум натпревари, имаме нов тим, не постои тренер кој има волшебно стапче. Не можеме веднаш да имаме резултати. Имаме нова група фудбалери, која допрва треба да стане тим. Засега не сме загрижени. Монтела работи добро. Не смееме да гледаме во табелата. Рома има тим кој го гради со години, играчите се долго време заедно. Мора да извлечеме позитивни работи од овој пораз“, дополнил спортскиот директор на Милан.
Претстојната репрезентативна пауза добро ќе му дојде на Монтела и Милан бидејќи нареден противник во Серија А ќе биде градскиот ривал Интер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО