Мила Кунис го покажа трудничкиот стомак

Неодамна беше објавено дека холивудската двојка Мила Кунис и Ештон Качер по втор пат ќе станат родители, а веста веднаш ја потврди и потпаролот на актерката.
Но, иако тоа не беше тајна, убавата актерка првпат се појави во јавност по објавата на веста и гордо го покажа малиот стомак, за врема на дружење со пријателите во Лос Анџелес.
Мила за време на ручекот одбра многу лежерна комибнација: фармерки, апостолки и обична сива маица и не ја симнуваше насмевката од лицето се додека не ги забележа папараците.
Мила и Ештон, кои се запознаа на снимањето на популарната серија „Луди седумдесетти“, веќе ја имаат 20-месечната ќерка Вајат Изабел, чија слика тука и таму ја споделуваат со љубопитната јавност, но воглавно се познати по доброто криење на приватниот живот.
Ваквите тајни не можат да бидат скриени, особено не во Холивуд.
Да потсетиме, љубовта се разгоре во април 2012 година, а две години подоцна, двојката се венча. Во октомври 2014 година стигна малата Вајат, двојката се венча во јули 2015 година во Калифорнија.

Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
