-->
-->
Михајлоски: Ја поздравуваме одлуката на ДИК и на Заев и СДСМ им порачуваме-Ајде на избори!
-->

Господе дај ми сила да ги одбранам мојот народ и мојата земја, порача од пред седиштето на СДСМ, Тони Михајлоски, на масовниот и мирен собир на ГДОМ.
Тие немаат љубов, немаат милост имаат само лакомост и алчност. Да дојдат на власт на било кој начин по секоја цена. Преку крв, преку омраза затоа ќе им порачаме: Уа за вашата програма! Уа за вашите идеи, за тоа што му го правите на вашиот народ, рече Тони Михајловски, пред седиштето на СДСМ.
-Таман ќе се опоравиме малку и одма ќе земат да не вратат назад. Мислат дека им е дадено од Бога да владеат. Па тие ни за Бога не знаат, а камо ли за човечност. Затоа браќа и сестри една молитва: Господе сочувај ме и дај ми сила да ги одбранам мојот народ и мојата земја Македонија, порача Михајловски.
Граѓаните, повторно во еден глас ја испеаа песната „Едно име имаме“, праќајќи уште една порака до СДСМ.
-Да ја поздравиме одлуката на ДИК, штотуку стигна информација дека со 2/3 мнозинство има услови за фер и демократски избори на 5 јули. Затоа да им го порачаме она за кое што дојдовме: Да им кажеме ајде на избори, порача Михајловски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
