Мигрант избоден 20 пати во белите дробови кај Димитровград
Со тешки убодни рани утрово се здобил мигрант покрај автопатот во околината на Димитровград, објавија српските медиуми.
Од полицијата во Пирот за српски Блиц е потврдено дека мигрантот се здобил со убодни рани во утринските часови во пресметка на автопатот кај Димитровград и дека со повреди е примен во болницата во Пирот, но се уште официјално не можат да соопштат колкав е степенот на повредите и другите околности на случајот.
Не се знае од која земја е странскиот државјанин, колку години има и каков е неговиот статус на престој во Србија. Која била причината за тепачката во која бил повреден, исто така се уште не се знае.
Како што пишуваат медиумите, во тепачката мигрантот се здобил со три потешки, а вкупно 20 убодни рани.
Според неофицијални информации, тој се здобил со повреди на белите дробови и стомакот и се наоѓа во шок собата на болницата во Пирот, каде што е донесен со возило на Брза помош од Димитровград. Се размислува и за неговиот транспорт до УКЦ Ниш.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка