Миграцијата од Источна Европа рекордно го зголеми населението на Германија
Населението на Германија минатата година достигна рекордни 83 милиони жители, во голема мера поради мигрантите од кои повеќето доаѓаат од Источна Европа, покажаа статистички податоци објавени денеска.
Нето-миграцијата во 2018 година се намали на околу 400.000 од 416.000 во претходната година, соопшти Федералната служба за статистика. Од земјите на Европската унија дошле 202.000 луѓе. Во оваа група на нето-миграција најмногу има од Романија (68.000), Хрватска (29.000), Бугарија (27.000) и Полска (20.000).
Рекордно високата вработеност и намалената невработеност доведоа до затегнување на пазарот на трудот во најголемата економија во Европа, па на работодавачите им е тешко да создадат повеќе од еден милион позиции, а тешкотиите поврзани со работниот пазар го ограничуваат и општиот економски раст, коментираат локалните медиуми.
Стареењето на населението и нискиот наталитет значат дека работната сила во Германија најверојатно ќе се намали во следните децении, па мигрантите се сметаат за многу важни со цел да им се помогне на фирмите да најдат работници чии пензиски придонеси го помагаат растечкиот број пензионери.
Во Германија минатата година дошле помалку бегалци од земјите каде што се водат војни. Вкупната миграција од Сирија во 2018 паднала на 34.000 од 60.000 претходната година, а мигрантите од Африка се намалени за илјада, од 35 на 34 илјади луѓе.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време