-->
-->
Мицотакис ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19
-->
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, рано утрово, ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис на социјалните мрежи сподели видео од вакцинацијата со коментар „Втора доза од вакцината“.
Првата доза, грчкиот премиер ја прими на 27 декември 2020 година и заедно со претседателката Катерина Сакеларопулу беа меѓу првите кои се вакцинираа во Грција.
Согласно официјалните податоци, од почетокот на вакцинацијата до саботата попладне во Грција биле вакцинирани 79.744 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло