Мицотакис го доби мандатот за формирање Влада, но ќе го врати попладне
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу денеска му го додели мандатот за формирање Влада на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис по вчерашната победа на партијата на парламентарните избори, но се очекува уште попладнево да го врати со оглед на тоа дека нема доволен број пратеници за еднопартиска Влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Извори од грчката Влада брифираат дека Мицотакис веројатно е попладнево телефонски да ја информира Сакеларопулу за неможноста да формира Влада и на тој начин да ѝ го врати мандатот.
На почетокот на средбата со Сакеларопулу, Мицотакис рече дека има намера уште денеска да ѝ го врати мандатот за да се забрза процесот и земјата да оди на нови парламентарни избори, доколку е можно уште на 25 јуни.
-Сметам дека во суштина не постои никаков услов за формирање влада од конкретниот Парламент и секако сакам да укажам дека, доколку вчера важеше изборниот систем што ќе се применува на следните избори, Нова демократија веќе ќе имаше силно парламентарно мнозинство кое ќе надминеше 170 пратенички места – рече Мицотакис.
Исткна дека на земјата ѝ е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“
Следен чекор, откако Мицотакис ќе ги врати мандатот, согласно грчкиот Устав е претедателката да го додели мандатот на втората партија, односно на СИРИЗА, а потоа ќе следи и третата партија ПАСОК-Движење на промена.
Ново на Сител
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
-

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
-

Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО
-

Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
-

Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80
-

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
-

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
