Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува Резолуцијата со која јасно се оцртуваат националните и државните позиции
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува Резолуцијата со која јасно се оцртуваат националните и државните позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. Изразуваме задоволство што Собранието ја задржа содржината на Резолуцијата. Таа остана во содржината таква каква што ја достави нашата пратеничка група, истакна претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Тој дека текстот на Резолуцијата е базиран на научни темели и аргументи.
– ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека има здрав политички концепт кој овозможува истовремено градење на цврсти позиции за македонските национални и државни интереси со консензус. Потврда на евроинтегративните просеци на Македонија, но и капацитет за обединување на сите чинители околу вакви, според нас, суштински прашања, потенцираше Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази благодарност до политичките субјекти кои, како што рече, искрено, но и на оние кои помалку искрено ја поддржаа Резолуцијата.
– Ние сме рационални и знаеме дека зборот на власта не трае ни пет минути, но сметаме дека ваквата Резолуција, како акт на законодавниот, највисок демократски дом, не може и не смее да биде прекршен и ќе биде обврзен акт за оваа и секоја идна влада, претседател на држава и секоја институција во однос на идентитетските теми и прашања. Овој процес и оваа Резолуција во нормални услови требаше да биде водена од власта во Македонија, а не од опозицијата, бидејќи тоа ќе бише израз на политичка одговорност и дека токму најодговорните во една држава се најсвесни за потребата да се гради единство во Македонија во однос на овие прашања, рече Мицкоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на двата клучни приоритети кои се еднакво важни и неразделни, а тоа се евроинтерациите на Македонија и заштита на македонските национални и државни интереси.
– Време е Македонија да покаже и утврди во кои рамки смее да се разговара, а што е рушење на национални и државни интереси, истакна Мицкоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024