Мицкоски: Влашката зедница има значајна улога во градењето на Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски лично и од името на Владата упати честитка по повод Националниот дел на Власите - 23 Мај.
Влашката заедница, нагласува премиерот Мицкоски, има значајна улога во градењето и развојот на Македонија. И во историска и во општествена смисла, додава, тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата.
- Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните. Преку заедничка работа, труд и посветеност ние градиме соживот, но и услови за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. Свесен сум дека и Власите како и останатите граѓани го живеат тешкото секојдневие на предизвици и препреки, но заедно сите посветено мораме да работиме да ги премостиме сите заеднички проблеми и да донесеме решенија за идните генерации, се наведува во честитката од Мицкоски по повод Националниот дел на Власите 23 мај.
Во честитката упатена од премиерот Мицкоски се подвлекува дека Македонија го оди патот на трансформацијата, каде што ќе се почитуваат принципите на владеење на правото, правна држава, бескомпромисна борба против криминалот, како и вредностите врз кој треба да се развива државата, а тоа е исполнување на ветувањата, реализација на проектите и градење на држава во која секој ќе си ја пронајде сопствената иднина и среќа.
- Наша обврска и задача е преку толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на различностите да продолжиме да живееме и создаваме во ова парче земја и да градиме мостови на пријателство. Нека Ви е честит 23 мај, Националниот ден на Власите, се вели во честитката од премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето