Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите

Високата предност на партијата во последната анкета ја гледам како потврда за политиките и работата на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека неговиот фокус останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, Мицкоски рече дека Владата е насочена кон работа и конкретни резултати, додека опозицијата, според него, својата стратегија ја темели на невистини, навреди, клевети и обиди за создавање негативна атмосфера во јавноста.
Тој оцени дека дел од опозициските партии пласираат, како што рече, неточни информации за состојбите во државата и предвидуваат сценарија кои не се остваруваат.
Мицкоски упати критики и кон партијата Левица, за која рече дека има различни ставови во јавноста и во политичките контакти зад затворени врати, додавајќи дека граѓаните можат да проценат како би изгледало управување со институциите од страна на такви политички субјекти.
Премиерот истакна дека Владата ќе продолжи да работи и покрај можните грешки што може да се случат во процесот.
-Ќе продолжиме да работиме. Ако направиме грешка, ќе се извиниме. Само тој што ништо не работи не може да погреши. Важно е да работиме и да го испорачаме тоа што граѓаните го очекуваат од нас - истакна Мицкоски.
Според него, поддршката измерена во анкетите е резултат на работата на терен и на спроведувањето на владините политики, а не на политичка реторика и обвинувања.
Последната анкета спроведена за порталот МКД.мк и објавена вчера покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 49,7 проценти меѓу определените гласачи. Според резултатите, СДСМ има поддршка од 14,9 проценти, ДУИ 12,1 процент, ВЛЕН 10,7 проценти, Левица седум проценти, а ЗНАМ 3,6 проценти.
Според анкетата претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има највисока доверба меѓу лидерите на политичките партии со 23,3 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани стандардите, регулативата и процедурите
-

Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран
-

Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов фатен со заѕидани 350.000 евра
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
