Мицкоски: Треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо - изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Европскиот фронт за употребата на јазиците и правичната застапеност.
На денешната седница посветена на пратенички прашања Реџепи побара од премиерот да објасни, како што рече, „зошто Владата во време на економска и политичка криза секојдневно отвора етнички теми“. Тој воедно побара појаснување дали владините министри имаат потреба од преведувачи имајќи предвид дека, според него, „пратениците немаат обврска да го знаат македонскиот јазик доколку го знаат албанскиот“.
Премиерот Мицкоски во одговорот истакна дека Законот за правичната застапеност ќе се најде пред пратениците набргу, откако, како што рече, ги поминал сите институционални процедури и мислењето на Венециската комисија.
-Законот е уставен, а не неуставен, како што вашата коалиција 20 години ги лажеше Македонците - порача Мицкоски.
Во врска со прашањето за познавање на македонскиот јазик, премиерот повтори дека Уставот го дефинира македонскиот јазик како официјален на целата територија, а албанскиот и другите јазици се користат во согласност со одредбите за локална самоуправа.
-Мене не ми пречи албанскиот, ниту турскиот, српскиот, англискиот, ниеден јазик на светот не ми пречи и нема да ми пречи. Но, ако го читате Уставот, според него, официјален јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо. Имаме дополнување во делот за единиците на локална самоуправа - рече премиерот.
Тој се осврна и на последниот јавен случај со новинарско прашање упатено на министерката Весна Јаневска оценувајќи го настапот на новинарот како непристоен.
-Никој нема против да го користите албанскиот јазик, можете да зборувате на кој сакате јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот и неговото кирилско писмо, како и за меѓународна употреба - нагласи тој.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
-

Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ
-

Просечната нето-плата во август изнесувала 48.733 денари
-

Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
