Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени

Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниту еден литар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.
Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати рече дека и во него има проток на нафта.
- Состојбата е стабилна, непроменета, конзумот е ист, не паѓа. Имаме денови со над два милиони литри кога се испорачува дизел гориво и безоловен за нашите граѓани, но и за соседните земји. Факт број 2, имаме убедливо најниски цени на горива во регионот. Факт број 3, единствена држава во оваа регулирана недела ги намали цените на дизелот и на бензините, факт број 4, стабилни сме како никогаш до сега, факт број 5 веќе не коленичиме да бараме милост. Така ќе продолжи оваа Влада да работи, стабилно во интерес на граѓаните, рече Мицкоски.
За тоа дали после 20-април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, Мицкоски рече дека она што го следи најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела.
- Барем утрово ги следам, тие се движат на ниво кое што е 90-91 долар за барел и американскиот продукт ВТИ и Бренд продуктот. Ги следам во минута и очекувам да имаме намалување и следниот понеделник. Што се однесува до кризната состојба, на вчерашната владина седница се донесе одлука таа да се продолжи уште одреден период. Ќе имаме дополнителна седница на која што ќе донесеме мерка за се уште да го држиме данокот на додадена вредност на 10 проценти наместо на 18 проценти, во зависност од цените на берзите така ќе бидат и акцизите. Има таму согласно закон колкави треба да бидат тие попусти, рече Мицкоски.
Попустот со ОКТА, како што кажа, е договорен до крајот на април, а се преговара и за дизел горивото. - Тоа е од прилика 75 проценти од вкупното потрошувачко портфолио, да биде барем уште некој дополнителен попуст да извадиме, барем уште еден денар по литар - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
