Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, со владина делегација заминува во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации.
Мицкоски ќе престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Како што информира синоќа, засега нема во план средба со бугарската делегација.
- Во Њујорк, на маргините на годинешното Генерално собрание на ОН, ќе се сретнам со голем број државници. Имаме веќе потврдени средби. Во принцип се ориентиравме на соседството, се разбира, тука е оној прием, нормално, од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави. Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски. Инаку, што се однесува на состанок со бугарската делегација, до овој момент немаме во план таква средба, напомена премиерот.
Во врска со средбата на лидери од Западен Балкан што за време на генералните собранија вообичаено ја организира делегацијата на Европската Унија во Њујорк, Мицкоски, за условите на Бугарија за промена на Уставот и за позицијата на Македонија за гаранциите повтори дека оваа Влада води јасна политика без да прави какви било естрадни потези.
- Ние ставовите не ги менуваме инстант или преку ноќ, зашто кога градиме став, тоа е процес што долго трае. Антиципираме сè што можеме во тој момент, така што нашите ставови се повеќеслојни, не се ставови што ад-хок ги градиме, па по потреба ги менуваме. Не правиме такви естрадни потези, водиме јасна политика која нуди гаранции на подолг рок. Тоа е стратегијата што ја има оваа Влада. Инаку, таков, да, состанок е потврден. Кој ќе присуствува - во зависност од нивото - дали јас или министерот за надворешни работи, доколку е шефови на држави или претседатели на влади, се разбира дека ќе бидам јас, доколку нивото е на ниво на министри за надворешни работи, тогаш министерот за надворешни работи ќе биде, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
-

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата
-

Нафтата и природниот гас повторно со повисоки цени, Брент веќе е над 107 долари за барел
