Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти

Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти. Ова го истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се обрати на денешниот настан во општина Демир Капија, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
Тој истакна дека кандидатката за градоначалник на општина Демир Капија, Наталија Димитриева со поддршката од граѓаните ќе има убедлива победа во вториот круг и општината ќе добие жена за градоначалник, за успех, напредок и реализација на многу проекти во Демир Капија.
-Би сакал да кажам дека Наталија направи исклучително добар резултат во првиот круг, убеден сум дека со вашата поддршка во вториот круг ќе имаме огромна историска предност и Демир Капија ќе ја добие својата жена за градоначалник. Мојата недвосмислена поддршка за Наталија, жена која е голем патриот, борец за својата Демир Капија и која инспирира со својата работа, сигурен сум дека заедно со Наталија ќе направеме уште многу добри проекти. Јасна е волјата на граѓаните во првиот круг на локалните избори. Имаме општина во која Владата има јасен, свој профилиран кандидат и имаме мнозинство во советот, сите предуслови за убедлива победа, истакна Мицкоски.
Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од граѓаните, која мотивира, дава енергија и сила за нови успеси, притоа упати порака за масовна излезност на 2 ноември и заокружување на бројот 9 за Наталија Димитриева.
-Изминатите 16 месеци како Влада дадовме се од себе, за да можеме да испорачаме проект повеќе, за да испорачаме реформа повеќе за граѓаните, нешто што беше насушно потребно после 7 години стагнација и уназадување, после 7 години грабеж, национално понижување, пустош којшто овие пред нас го оставија во Македонија. Ни требаше освежување, со нова енергија со нова сила, таа енергија, таа сила, тие реформи, тој нов бран го понесе ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и благодарам за поддршката која цело време ни ја давате. Затоа на 2 ноември да излеземе масовно да го заокружиме бројот 9 за Наталија, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
