Мицкоски со честитка по повод Рамазан Бајрам

По завршувањето на вчерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.
-Штотуку завршивме со последниот настан денеска, а тоа беше еден спектакуларен, фантастичен, полн со емоции митинг во Куманово. Град во кој што има различни етнички заедници, но сите тие без разлика на својата различност се обединети околу една цел, а тоа е желбата за промени, истакна Мицкоски.
Во своеото обраќање Мицкоски порача – „Ја користам оваа прилика на муслиманските верници да им го честитам големиот празник, Рамазан Бајрам. Да им посакам здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства. Истото тоа го посакувам и на сите граѓани во Македонија“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака да е вечна, бериќетна и просперитетна Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
