Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД

Никој не треба да биде загрижен дали „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД ќе го добие својот крај и разрешница. Секако дека ќе дојдеме до тоа. Наводите и инидициите се навистина лоши, но да почекаме да заврши истрагата и до го собереме досието целосно да биде па за да можеме да ја информираме јавноста, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски.
-Чувствителни се информациите и не би сакал да излегувам со некомплетна слика. Претседател на Влада сум и кога ќе ја информирам јавноста треба таксативно и хрионолошки да биде наведено се. Институциите работат и се разбира дека истражуваат. Кога ќе имаме комплетно досие тогаш ќе излеземе во јавноста – дали ние, дали Обинистелството дали некои други институции. Сакаме да бидеме Влада која е транспарентна и ќе ја информираме јавноста, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
