Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги повика СДСМ и Левицата да ги повлечат амандманите на измените на Изборниот законик посочувајќи дека сè уште има време да се заврши и оваа реформа. Укажа дека гласањето на дијаспората е особено важно бидејќи нашинците мора да се чувствуваат поврзано со својата татковина, а целта на Владата е таа дијаспора да ја вратиме дома.
- Се надевам дека СДСМ и Левицата ќе ги остават своите политички мотиви во своето политичко мочуриште, ќе се вратат во парламентот, сè уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават настрана и како приоритет ќе ги стават националните интереси - изјави Мицкоски.
СДСМ во коалиција со Левицата, потсети премиерот, поднесе 13.000 амандмани за да го спречат гласањето во дијаспората плашејќи се дека ја немаат довербата на нашинците.
- И ова е силна порака кон нашинците во дијаспората. Најпрвин СДСМ, кога беше влада, со својата катастрофа и катаклизма што ги донесе во Македонија, мотивира и избрка голем дел од нашите граѓани да си ја бараат својата среќа надвор од татковината и сега истите ги казнува по вторпат. Не им дозволува да учествуваат на легитимни претседателски избори да и се даде можност на дијаспората да учествува по електронски пат. И не е точно, во изминативе денови да се зборува само примерот на Франција, можам да ви кажам и многу примери кои во регионов се аплицираат - рече Мицкоски.
Премиерот повтори дека за Изборниот законик имало конструктивна дебата во рамките на Парламентот, онаму каде што и треба да се дебатира.
- И се беше усогласено, кога станува збор за Изборниот зконик, во последен момент политичката партија Левица одби да се потпише на поднесокот на парламентарците, односно одби да го потпише Изборниот законик што тие го предлагаа, што го усогласуваа. Ние им прифативме и за финансирање на кампања, нешто што им беше најбитно. Тоа им беше главен приоритет, да имаат повеќе пари за финансирање на кампања и на крај рекоа ние ова нема да го потпишеме. Вие изгласајте го, ние ќе бидеме воздржани - додаде Мицкоски.
Левица, нагласи тој, сака лажно да се претстави и упати порака до нивните гласачи. - Замислете да им дадете можност да управуваат со институции, замислете да им дадете можност тие да одлучуваат за вашата иднина, кога тие ве лажат, во очи ве гледаат и ве лажат, а позади завеса нешто сосема друго прават. Впрочем, се сеќавате на она сведочење на претседателот на СДСМ Зоран Заев во Парламентот кога јасно кажа дека се обезбедувале ресурси за Левица да одзема гласови на едни избори, а потоа ако добиеле пратеници да бидат во коалиција и да ја поддржуваат неговата влада. Тогаш избега претседателот на Левица, а сега повторно бега и затоа порака до сите оние кои ја поддржуваат оваа политичка партија - ако тие едно прават со месеци, а друго зборуваат, замислете да им дадете можност што ќе прават и како ќе се однесуваат. Јас навистина жалам, нашата порака беше навистина јасна, кажете се ќе прифатиме, не ви одговара гласањето да биде со бројче, име, дајте амандман ќе го прифатиме. Не ви одговара начинот на поднесување жалби по гласањето, во ред кажете како се ќе прифатиме. Но, нашата црвена линија е гласањето на дијаспората, бидејќи дијаспората мора да се чувствува поврзана со својата татковина бидејќи наша цел како Влада е таа дијаспора да си ја вратиме дома - повтори Мицкоски.
Потенцира дека ако се пресече и овој канал и тие не се чувствуваат дека припаѓаат во својата татковина, кој ќе биде нивниот мотив тие да си дојдат повторно дома кога ќе ги отфлат домашните од средината која што е природна нивна средина.
- Тоа е нашата цел. И конечно на крај доаѓаме до економските побуди и мотиви - рече Мицкоски додавајќи дека ние сега трошиме милиони евра праќајќи луѓе од МНР и други институции да го спроведат процесот на гласање на дијаспората кој што не е успешен, вели премиерот Мицкоски, посочувајќи на Австралија, каде што гласачите за да гласаат треба да патуваат по десет часа, а тоа е случај и во Канада и во САД и некаде во Европа.
СДСМ и Левица вчера поднесоа над 13.800 амандамни за измените на Изборниот законик, а главната точка што се спори е моделот на електронско гласање на дијаспората.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
