Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи - истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево.
Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда.
- Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од оние десет можеме девет и пол да испорачаме, а може и десет, буквално така заклучивме, кои се во грејс-период - изјави Мицкоски.
Еден или два чекори, според него, зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс-период, а тоа е Изборниот законик.
- Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ, кое во моментот е раководство на СДСМ, и дека најлесно им е да коленичат наместо да работат. Но, реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот, туку има уште многу посуштински работи што треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат онаму каде што коленичат - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
