Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот е исклучително важен и оти првата фаза веќе е отпочната.
-Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација, ќе сообраќа електрична локомотива, електричен воз. Вредноста на проектот е 360 милиони денари, истакна Мицкоски.
Премиерот нагласи дека со трите делници од проектот очекува драстично да се намали користењето на патничките моторни возила.
-Првата делница е од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, до центарот на Скопје, главната железничка станица. Втората делница е од Миладиновци, Илинден, Маџари, до главната централна железничка станица, а третата делница е од централната железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково. Отприлика ова ќе биде рутата и цениме дека на овој начин ќе се растовари сообраќајот во Скопје. Голем број жители на општините околу Скопје и приградските општини ќе можат да ги користат овие линии, ќе бидат навистина брзи, удобни и јас очекувам драматично да се намали користењето на патничките моторни возила, повеќе да се користи овој Градски воз како проект, рече премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
