Македонија
24. March 2023 - 13:12

Мицкоски: Планот за 2023 на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се 748 капитални проекти во вредност од 70 милиони евра

Денеска сме во Илинден. На мое искрено задоволство еве гледате во екот на градежните активности, градоначалникот Александар заедно со советот и администрацијата прават нешто што треба да биде пример како треба да се работи во општините во Македонија и во Македонија.Јас сум задоволен што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека не се сите исти, дека има голема разлика помеѓу овие од владата на ДУИ поддржано од СДСМ, но исто ако ја гледате пораката која што секојдневно ја испраќаат само се однесува на тендери, на сомнителни јавни набавки, на скандали кои се случуваат во државните институции, за разлика од таа слика која што ја гледаме, другата слика е сосема поинаква, односно градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работата и испорачуваат. И можам да кажам дека планот за оваа 2023 година, согласно информациите кои што ги добив од тимот кој што е дел од мојот кабинет, а на дневна основна комуницира со градоначалниците е дека  во план се 748 капитални проекти да се реализираат, во вредност од прилика 70 милиони евра.Знаете какава е финансиската и економска ситуација, знаете што се случува со обврзниците и со барањата за кредит, ова се со сопствени средства кои што веќе се планирани. Инаку доколку оваа влада мисли на граѓаните и на народот, и доколку ги одобри овие општински обврзници тогаш сумата за инвестиции ќе се труплира, ќе надмине преку 200 милиони евра.

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да му честитам на Александар, на советот, на луѓето од администрацијата и да ги охрабрам вака да продолжат, јас ќе бидам нивна поддршка, идната владата на ВМРО-ДПМНЕ има план сериозно да инвестира во општина Илинден, бидејќи навистина овде имаме прекрасно место за живеење кое што од ден на ден станува се поубаво.

Георгиевски на увид на градежни работи: Во тек е изградба на кружен тек во Илинден кој  ќе ги спојува трите најглавни артерии во општината

Најпрво да изразам големо задоволство што денеска во Илинден на посета ни е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е наш поддржувач и е поткрепа за сите активности кои што ги работиме ние како општина и сите други општини.Денеска сме на увид на изградба на кружен тек во населено место Илинден. Кружен тек кој што ќе ги спојува трите најглавни артерии во населено место Илинден, па може да кажеме и на општината, и уште една четврта ново планирана улица. Овој кружен тек и те како ќе биде подобрување за безбедноста во сообраќајот и ќе го среди сообраќајниот хаос во населеното место Илинден.Паралелно со изградбата на овој кружен тек се работат и пешачки патеки околу него, ќе следи комплетно осветлување, партерно и хортикултурно уредување. Во овој момент исто така денеска ја завршуваме и пешачката патека која ја реконстуиравме на улица 2 од 620 метри. Овој период и следниот период се работи и на други проекти, само ќе спомена веќе во завршна фаза и во пуштање во употреба на колекторскиот систем во должина о д 4 и пол метри меѓу населените места Илинден и Марино веќе се работи на приклучоци. Во месноста Јака фекалната канализација во должина од 6300 метри е изграден, и таму може приклучоци да се поставуваат.Во оваа година ќе започнеме со реализација на дел од планот за фекална канализација во населба Илинден месноста Плац. Се работи на нов проект на канализација  во населено место Кадино, а исто така ќе ги реконструираме патот Миладиновци - Бујковци во должина од 1500 метри, патот Хиподром Илинден во должина од 700 метри, ќе започне втора фаза на реконструкција 532 во населено место Марино што го поврзува со Кадино и ќе градиме ново мултифункционално игралиште во населено место Илинден, а ќе се реконструираат и постоечки спортски игралишта во Кадино, Миладиновци и други населени места, ќе се градат детски паркови, ќе ја пробиеме новата трим патека, ќе работиме на доградба на градинката за проширување, нови 300 квадрати градинка и тоа е планирано оваа година, и многу други проекти кои што периодот ќе ги реализираме.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ