Мицкоски од Прилеп: Скапо ја плаќаме неспособноста на владата, нивното незнаење и криминалните амбиции- затоа ајде на 2 јуни да го означиме почетокот на нивниот крај
Денес бев во градот херој Прилеп кој многу дал за Македонија, место на комитскиот и партизански непокор и пркост, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-Токму затоа споделив со луѓето на Прилеп едно мое чувство за нешто што денес сите го видовме, а прставува една неверојатна иронија и лицемерие. Ги видовме луѓето од Владата денес поредени пред споменикот посветен на партизаните. Слика која во себе има многу спротивности. Горе ги имаме оние кои се бореле за Македонија и својот влог го потврдиле со своите животи, партизаните чие дело и денес се слави, а доле под нив ги имаме оние кои ја разградуваат и уништуваат Македонија, оние кои на дневна основа продаваат и распродаваат, тоа е владата на Зоран Заев. Говореа за некакви промени, а единствените промени во Македонија се оние кој потврдуваат дека се оди кон полошо, говорат за некакво ослободено судство, а единственото што се ослободи е Зоран Заев од случај каде јасно се гледа што прави и што бара, потоа предвидувајќи и диктирајќи пресуди, говореа за инвестиции, а досега една лопота не фрлија, говорат за живот, а она што обичниот човек го чувствува е само чемер и јад, напиша Мицкоски и додаде:
„Ова е владеење каде патриотизмот го преставуваат за нешто лошо и опасно, поразот и капитулацијата го прикажуваат за победа, недостоинствените нешта ги прикажуваат за заштита на интересите. Ова е влада која се фали со повеќе пари во буџетот, ама не кажуваат дека се собрани од поголемите давачки за граѓаните. Затоа велам доста е. Скапо ја плаќаме нивната неспособност, нивното незнаење и нивните криминални амбиции. Одговорот на сето ова е народот и никој друг. Затоа ајде на 2 јуни пред владата да го означиме почетокот на нивниот крај. И громогласно да кажеме Македонија ќе победи!“.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал