Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден.
Тој при тоа упати честитки за вклученоста на сите институции за зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект, односно на ова основно училиште, проект којшто, потенцира ќе значи многу за Општина Илинден.
- Да му честитам на градоначалникот, на министерката за образование, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Илинден бидејќи Општина Илинден се трансформира, се гради и тоа е добро, одлично бидејќи како што кажа и градоначалникот во неговата изјава најголемите комплименти доаѓаат од поддршката којашто ја добива неговата работа и работата на неговиот тим од страна на граѓаните. Да се заблагодарам и на пратеничката којашто доаѓа од Општина Илинден којашто се бори за секој еден проект повеќе за Општина Илинден, рече премиерот кој беше придружуван од министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Тој подвлече дека очекува уште многу вакви успешни проектите да се реализираат во претстојниот период.
- Така што кога ќе се изнализира се тогаш доаѓаме до резултат којшто е успех и јас би сакал уште многу вакви успеси во периодот којшто следи да ни се случуваат. Благодарност и до граѓаните на Општина Илинден што ја поддржуваат во континуитет работата на Владата, а ние како Влада ќе продолжиме да реализираме проекти на целата територија на Македонија, рече премиерот Мицкоски изразувајќи уверување дека уште многу вакви проекти ќе бидат реализираат.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна речиси четири илјади
-

Васовски: Целта е добар резултат пред реваншот во Скопје
-

Трет ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот
-

Три лица убиени во руски напади врз регионот Доњецк, една жртва и во Херсонската област
-

Трамп се закани дека нападите врз Иран „ќе станат многу полоши“ доколку повторно бидат нападнати бродови
-

Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
