Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе

Нашата визија е јасна - образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31 000 метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни амфитеатри, студентски простор, базен, спортски сали - инфраструктура согласно потребите на современото високо образование. Инвестицијата е вкупно 42 милиона евра, од кои 40 милиони се за изградба, а два милиона за надзор на градбата.
- Оваа инвестицијата е дел од една поширока слика, сликата на образованието што го градиме. Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект - темел на иднината. Со почнувањето на изградбата на новиот модерен кампус, ја потврдуваме нашата црвста опредлеба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект е стратешка инвестициоја во иднината на државата што ќе создаде современи услови за образвание, научна работа и академски развој, подвлече Мицкоски.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Владата продолжува да ги подобрува инфраструктурните услови за наставниците и студентите.
- Ова е исклулително важен момент, се поставува камен-темелник на најмладиот Универзитет. Ги подобруваме инфраструктурните услови за наставниците и за студентите - да бидат мотивирани, посебно професорите - да обезбедат одлично образование, да им пренесат на студентите знаење и вештини. Верувам дека изградбата ќе оди според плановите и дека за пет години ќе имаме прекрано здание - храм на науката, образованието, уметноста и на создавање човечки капитал. Очекувам тие што тука ќе работат и ќе учат, да и вратат на државата со стекенување сериозни знаења и вешини, да ја направата земјата поконкурентна, истакна Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
