Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го знае името на новиот гувернер на Народната банка, но најави дека ќе се сретне со претседателката на државата која се очекува во текот на денот да го достави предлогот до Собранието.
- Не го знам името. Веднаш по овој настан ќе имам средба со претседателката и претпоставувам дека ќе го дознаам името, изјави Мицкоски при денешната посета на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Прашан дали ќе го поддржи предлогот за гувернер што ќе го предложи претседателката Сиљановска-Давкова или тоа ќе зависи од тоа кој ќе биде предложен, Мицкоски рече дека ги знае имињата на кандидатите кои имале разговор со претседателката и дека за сите нив има свое мислење.
Денеска се очекува да биде познат предлогот за гувернер што ќе го предложи претседателката Сиљановска-Давкова. Таа во изјава за медиумите рече дека постапката ќе биде завршена пред да замине за Италија, потврдувајќи дека гувернер ќе биде еден од кандидатите што се споменуваат во јавноста.
- Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова во изјава за новинарите по денешниот Форум за културна дипломатија што се одржа во нејзиниот Кабинет.
Меѓу тројцата кандидати за гувернер се спомнуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува денеска, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер. Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година.
Ново на Сител
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот