Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа

Здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и мораме да се однесуваме кон него како таков - изјави премиерот Христијан Мицкоски по Германско-македонскиот самит во Скопје и најави ново проширување на лековите од позитивната листа.
Според премиерот Мицкоски, Владата прави сè за да ги заштити интересите на граѓаните, но потребни се корекции кај поединци и нивното однесување во здравството.
- Тоа што ние го правиме во здравствениот сектор е нешто што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците што следуваат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови што ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и мораме да се однесуваме кон него како таков. Ако ние континуирано продолжиме да го исцрпуваме, на начин на кој го исцрпуваме во моментот, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и сервис, тоа е невозможно. Ние како Влада ќе сториме сè што е во наша моќ да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но очекуваме такво однесување буквално од сите, затоа што ние неможеме да се однесуваме како поединци, не велам дека тое е пракса. Во здравството се пишуваат дежурства за 31 работен ден во февруари, со 24 часа работа, а истовремено да очекуваме да вложуваме во здравството. Ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните - порача премиерот Христијан Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
-

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики
-

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични
-

Драма во полуфиналето на СП 2026: Аргентина со пресврт за седум минути против Англија избори финале
-

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада
-

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
