Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред утрешната конститутивна седница на новиот состав на Парламентот, денеска се сретна со пратениците од коалицијата „Твоја Македонија“.
-Средба со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Твоја Македонија", пред конституирањето на македонското Sобрание. Многу работа и резултати кои мора да ги донесеме за Македонија!, напиша на неговиот фејсбук профил Мицкоски.
По парламентарните избори на 8 мај, утре ќе се одржи конститутивната седница на Собранието во нов состав. Собранието ќе брои 120 пратеници, но на утрешната седница ќе присуствуваат само 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки.
За претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од коалицијата Вреди. Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива.
Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, а Левица и ЗНАМ имаат по шест пратеници.
Ново на Сител
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо