-->
-->
Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела
-->
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека в недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и дека на неа ќе се зборува за три клучни прашања – претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство.
–Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. Претседателските избори кои следуваат како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони, бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски, и ќе разговараме за СЈО и предлог-законот за иднината на СЈО, кој денес го добивме во работна верзија, изјави Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ Алфа.
Според Мицкоски, фер избори се задолжителни и предуслов дали Македонија е општество кое треба да биде дел од ЕУ. Притоа упати забелешка дека власта ги нарушува условите за фер избори преку нови вработувања, трансфери на пари и потпишување договори за закуп на земјоделско земјиште во предизборниот период.
За СЈО посочи дека не само што не ги оправдало очекувањата, туку целосно ги разочарало, и оти за него поважно било тоа што „проектот Катица Јанева и нејзината дружина, со исклучок на неколкумина, е комплетно завршена приказна
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови