Мицкоски: Кампањата ќе се води без митинзи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба во Владата изјави дека биле запознаени со мерките што државата ги презема за спречување на ширењето на коронавирусот. Не станало збор за одложување на изборите, но кажа дека е извесно оти изборната кампања ќе се адаптира на актуелните услови заради коронавирусот и ќе се води на алтернативни начини, преку социјалните мрежи и мас медиумите.
– Средбата беше повеќе од информативен карактер. Беше кажано дека истовремено политичките партии можат да доставуваат сопствени предлози во однос на заштита и превенција од коронавирусот. Покрај справувањето со Ковид-19 од големо значење ќе биде како ќе се справиме со економските последици кои неминовно ќе дојдат после коронавирусот. Врз основа на навигацијата секаде од светот, последиците ќе бидат огромни по светската економија, а Македонија не може да биде имуна, тоа ќе го почувствува и македонската економија и буџетот. Зато, потребен е сет економски мерки, изјави Мицкоски.
За можните економски последици денеска ќе има средба на владини претставници со стопанските комори, а предлози во таа насока можат да даваат и политичките партии.
На средбата не се разгледувала можноста за одложување на изборите, туку за алтернативно водење на кампањите, односно да нема да има митинзи додека е во сила забраната за одржуавње јавни собири.
– Не се разгледа можноста да одложување на изборите. Она за што го разговаравме е да имаме преадаптирање на изборната кампања. Немаше разговор по таа тема за одложување. Ќе имаме алтернативен начин за водење на кампањата, преку социјалните медиуми, преку мас медиумите, така натаму. Од врата на врата, поинаков начин, поинаков пристап, итн., рече Мицкоски.
На денешниот состанок во Владата е договорено доколку е потребно во наредниот период повторна да се организираат вакви средби.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
