Мицкоски: Јавноста наскоро ќе го слушне „забранетиот говор“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека ако можеле Федерика Могерини и Јенс Столтенберг да се обратат во Собрание, може и тој. Во интервју за „Дојче Веле“ Мицкоски се однесува како Далај Лама, нарекувајќи го својот говор „забранет“.
„Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете забранетиот говор и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака, вели Мицкоски во интервјуто.
– Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг… Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A, само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување… – вели Мицкоски одговарајќи на прашањето зошто го дефинира како „забранет говор“, кога Деловникот не предвидува можност за ваше обраќање во Собранието?
Тој во интервјуто не кажува став за пораките во писмото на помошник-државниот секретар на САД, Вес Мичел, кој вели дека е разочаран од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Соопштувањето на ставот го најавува во текот на денот.
Околу прашањето има ли шанса заедно со Заев да најдат заеднички јазик за Договорот од Преспа, Мицкоски одговори со категорично не.
- Има шанса да констатираме дека Договорот е мртов. Секое натамошно силување на овој процес само ќе произведе дополнителни тензии и поларизации во општеството, а единствен виновник за тоа е Зоран Заев кој ветуваше нешто што не може да го исполни. Како пропадна предлогот 'Илинденска Македонија'? Ципрас рече дека нема 151 пратеник што ќе го прифати тој предлог т.е. дека нема мнозинство во грчкиот парламент. Зошто Заев не рече: 'Немам двотретинско мнозинство, и не го прифаќам предлогот Република Северна Македонија'!?
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
