Мицкоски: Добар одѕив за ваучерите за електронски уреди, до вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите

Повикот за ваучери за студенти за електронски уреди има исклучително добар одѕив. Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
За шпекулациите дека некои студенти ги продаваат ваучерите тој посочи дека остава на совеста на оние што ги користат.
- Како ќе се искористат, тоа оставаме на совеста на тие кои што ги користат. Ние, како Влада, влеговме во овој проект, го ветивме, како и многу други, го испорачуваме се. Има и такви појави кога некој ги препродава за пониска цена. Но, мислам дека и да ги препродале, не би можеле да бидат искористени, бидејќи таму се лични податоци. Така што мислам дека се тие обиди јалови. Тоа ме загрижува, подвлече Мицкоски.
Студентите имаат можност да аплицираат за ваучери за набавка на електронски уреди во висина од 15.300 денари. Јавниот повик е отворен до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година.
MИА
Ново на Сител
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
-

Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
-

Тошковски: Врсничкото насилство во Ѓорче сериозно се истражува, 14 лица повикани на разговор
-

43-годишен штипјанец пронашол неактивирана експлозивна направа во подрумскиот дел од неговата куќа
