Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години.
На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да успее Владата мислејќи дека на тој начин тие ќе добијат шанса“.
-Државниот завод за статистика ги објави бројките, на крајот на првиот квартал 2026 година бројот на вработени е зголемен на седумсто и осум илјади и нешто. И кога ќе се спореди со бројот на вработени од крајот на вториот квартал 2024 година кога беше избрана оваа Влада, тој број изнесуваше над шесто деведест и една илјада тогаш доаѓаме до заклучок дека се креирани нови седумнаесет илјади работни места. Тоа е, за жал, лоша вест за оние кои што Бога молат да не успее Македонија и државата, но добра вест за граѓаните дека полека, но сигурно тоа што го работиме изминативе две години добива ефект и Македонија продолжува да се развива онака како што заслужуваат граѓаните, изјави Мицкоски, по учеството на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026.
ДЗС објави дека бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година.
Активното население брои 797 884 лица од кои вработени се 707 385, а невработени 90 499 лица. Стапката на активност е 52.5, на вработеност 46.5, додека стапката на невработеност изнесува 11.3.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари
-

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите
-

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“
-

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
-

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица
-

Познати ривалите на македонските екипи и за втората рунда квалификации од Конференциската лига
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
