Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба

Премиерот Христијан Мицкоски во ногогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било неопходно да се направи стабилизација и консолидација, додека следната смета дека ќе биде година на раздвижување и на преобразба.
-Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму, рече премиерот.
Тој нагласи дека реформите што ги отпочнале не се козметички, туку се длабински и суштински.
-Таквите реформи бараат време, но тие се предуслов за функционална држава и здраво општество. Свесни сме дека за граѓаните најважно е како тоа се чувствува во секојдневниот живот, рече Мицкоски.
За следната година тој очекува реализација на значајни инфраструктурни проекти, економско зајакнување, нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој.
- Со право можам да кажам дека 2026 година ќе биде година на раздвижување и година на преобразба, година на раст, со реализација на значајни инфраструктурни проекти, година на економско зајакнување, со нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој. Година на вкупна преобразба на Македонија. Година на надеж, но и на голема обврска. Обврска да се испорачаат резултати. Обврска да се оправда довербата од граѓаните. Обврска да се продолжи по патот на реформи, развој и стабилност. На сите ви посакувам здравје, мир и сила. Да влеземе во 2026 година со верба дека напорната работа ќе се исплати и дека Македонија ја движиме во вистинската насока. Среќна нова година, порача премиерот Мицкоски во своето новогодишно обраќање.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
