-->
-->
МИ: Македонија во 14ч игра за финале
-->
Mашката репрезентација на Македонија денеска во 14ч го игра полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир со селекцијата на Египет.
„Фараоните“ се во скоро полн состав откако им се придружи и Али Зеин, па недостигаат само Омар Јахја и Мохамед Мамду.
Селекторот Роберто Парондо и Рубен Гарабаха имаат на располагање силна екипа со Карим Хендави и Мохамед Ел Тајар на голот, па браќата Елдера, Елахмар, Кадах, Елмасри, Санад…
Египет во групната фаза забележа три победи против Србија, Италија и Тунис, а последниот натпревар со Словенија го доби службено.
Во второто полуфинале ќе играат Шпанија, која беше најдобра во групата на Македонија, и Србија, која го освои второто место во групата А.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест