МФ:Нема ново нето задолжување од денешната аукција
Нема ново нето задолжување со денешната аукција. На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,37 милијарди денари или 22,24 милиони евра, од кои утре ќе се вратат 1,38 милијарди денари, односно 22,46 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, информираат од Министерството за финансии на прозивката од ВМРО-ДПМНЕ.
На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од еден отсто и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 337 милиони денари со камата од 3,50 отсто.
- Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност, што утре се отплаќаат се шестмесечни државни записи без девизна клаузула во износ од 910 милиони денари со камата од 1,55 отсто, шестмесечни државни записи со девизна клаузула во износ од 403,6 милиони денари со камата од 1,45 отсто и петгодишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 68 милиони денари, со каматна стапка 4,6 отсто, наведуваат во соопштението.
Во текот на јуни по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,8 милијарди денари или 29,9 милиони евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца