Метју Мекконахи веќе не снима романтични комедии
Метју Мекконахи одбил понуда од 14,5 милиони долари, оти си дал завет дека повеќе нема да снима романтични комедии. Тој тоа го пишува во својата нова книга „Зелени светла“ (Greenlights).
„Бев успешен актер, славна личност, филмска ѕвезда… Не морав да се грижам што ќе имам за јадење или дали имам за кирија, но мојот пат во кариерата, ликовите и филмовите што ми ги нудеа и ги глумев, веќе не ме задоволуваа. Љубовно-комичните ликови и световите во кои тие живееја, дотолку ми здодеаја, небаре ’одев в кревет со чешање на задникот, а се будев со смрдлив прст’, и тоа подолго време“, пишува глумецот во мемоарите.
На почетокот на ова илјадалетие, тој глумеше со Џенифер Лопез во „Организаторка на свадби“ (2001), со Кејт Хадсон во „Како да го загубиш момчето за 10 дена“ (2003) и со Сара Џесика Паркер во „Неуспешно лансирање“ (2006). Тој немал ништо против тие филмови, но веднаш по нив, тој, како што пишува, добил поисполнет, подив и „по-жив“ живот со неговата тогашна свршеница Камила.
„Се смеев погласно, плачев посилно, љубев на големо, мразев подлабоко и чувствував повеќе – како човекот од мојот живот, отколку како ликовите во тие филмови“, пишува натаму Метју.
Кусо потоа добил понуда од пет милиони долари, која веднаш потоа прераснла во 10 милиони, 12,5 милиони, надградено сценарио, па на 14,5 милиони долари. Тој, под мотото „што ги еб** доларите“, ги одбил сите понуди.
Последни филмови каде што обожавателите можеа да го погледнат Метју Мекконахи, се трилерите од лани – „Спокој” (Serenity), „Господата“ (The Gentlemen) и комедијата „Скитникот од плажата“ (The Beach Bum). Нареден негов проект е вториот дел од цртаниот мјузикл „Пеј!“
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња