-->
-->
Мета во писмо до Трамп изразува жалење за гласањето на Албанија во ОН
-->

- Гласот против нашиот голем сојузник и пријател е даден без никаква претходна консултација со институцијата Претседател на Република Албанија, ниту со Парламентот на Албанија и не го отсликува ставот на албанскиот народ, кој никогаш нема да ја заборави поддршката на САД во најтешките мигови од неговото постоење, се наведува во писмото од Мета до Трамп.
Тој додава дека лично ќе побара објаснувања за овој став и одлука на Владата. - Тоа е во спротивност со нашите пријателски и стратешки односи и интересите на нашите народи, стои во писмото.
Претходно, преку својот портпарол, шефот на албанската држава, меѓу другото оцени дека „одлуката и гласот против е целосно непотребен, не го отсликува државниот и уште повеќе сенационален консензуален став“.
Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Владата на Еди Рама направила грешка со дадениот глас во ОН. Според Баша, кој потсетува на проамериканската определба на Албанците во изминатите 27 години, тое е против националниот интерес на Албанците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска