-->
-->
Мета во писмо до Трамп изразува жалење за гласањето на Албанија во ОН
-->
Албанскиот претседател Илир Мета денеска испрати писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое изразување жалење во врска со вчерашното гласање на Албанија во ОН за поддршка на Резолуциата против американската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.- Гласот против нашиот голем сојузник и пријател е даден без никаква претходна консултација со институцијата Претседател на Република Албанија, ниту со Парламентот на Албанија и не го отсликува ставот на албанскиот народ, кој никогаш нема да ја заборави поддршката на САД во најтешките мигови од неговото постоење, се наведува во писмото од Мета до Трамп.
Тој додава дека лично ќе побара објаснувања за овој став и одлука на Владата. - Тоа е во спротивност со нашите пријателски и стратешки односи и интересите на нашите народи, стои во писмото.
Претходно, преку својот портпарол, шефот на албанската држава, меѓу другото оцени дека „одлуката и гласот против е целосно непотребен, не го отсликува државниот и уште повеќе сенационален консензуален став“.
Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Владата на Еди Рама направила грешка со дадениот глас во ОН. Според Баша, кој потсетува на проамериканската определба на Албанците во изминатите 27 години, тое е против националниот интерес на Албанците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
