Мета: Горд сум на својата апсолутна кохерентност
Албанскиот претседател Илир Мета, пред одлуката што в понеделник се очекува да ја донесе Уставниот суд во врска со неговото разрешување, во објава на социјалните мрежи вели дека е горд на својата апсолутна кохерентност, јави дописничката на МИА од Тирана.
– Мојата кохерентност беше апсолутна за демократијата, плурализмот, европските интеграции и заштитата на Уставот, што никогаш не може да се измени без референдум, наведува Мета.
Покрај другото тој пишува дека отсекогаш им служел на овие многу значајни столбови, „кои се поврзани со интересот на сите албански граѓани”, за што е многу горд.
Денеска тој објави и видео на Фејсбук во кое вели дека никогаш нема да ги предаде неговите поддржувачи и Албанците.
– Никогаш нема да ги предадам моите поддржувачи и Албанците. Подобро да си предаден отколку да си предавник, предавникот секој го користи, но никој не го сака, наведува Мета.
Уставниот суд в понеделник треба да донесе одлука околу уставноста на одлуката за негово разрешување, што албанскиот Парламент ја донесе на почетокот на јуни минатата година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
